5 години постоење во светот на бизнисот е краток и суров период во кој едвај 50% од сите компании го преживуваат овој тест на времето.
Започнавме скромно, но храбро, во време кога светот беше во карантин, парализиран од ковид пандемијата.
Секоја шанса добиена од секој нов клиент беше наша мала победа.
5 години се 1820 дена во кои ние:
✅️создадовме 11200 креативи за постови на социјалните медиуми за нашите клиенти – во просек по 6 на ден, секој ден.
✅️спроведовме повеќе од 100 соработки со македонските инфлуенсерки и инфлуенсери за брендовите кои ние ги водиме.
✅️осмисливме и прилагодивме повеќе од 50 кампањи и промоции
✅️снимивме повеќе од 50 фото, видео и дрон сесии низ нашата Македонија 🇲🇰
✅️креиравме повеќе од 20 веб сајтови и
најважното:
☑️ им помогнавме на бизнисите да растат 📈
Имаме причини да прославиме 🥂 и да продолжиме да чекориме кон нови и поуспешни години во дигиталниот маркетинг 🌐
Ваши,
4points.mk